Business Diaspora Unkategorisiert

Поради силната бура, ветерниците во Германија произведоа струја како 44 нуклеарни електрани

12.02.2020 Германија

Цела западна Европа е зафатена од циклонот Киара, којшто со себе однесе најмалку седум човечки животи, го парализираше сообраќајот и остави илјадници домови без струја, пишува ВВС.

Штети од невремето се забележани во повеќе земји, како што се Германија, Данска, Шведска, Франција…

Најмалку седум лица загинаа во бурата што експресно мина низ Европа и сега тргна кон исток. Таа го попречи нормалниот сообраќај и остави илјадници домови без електрична енергија. Но, освен штети, во Германија е регистрирано рекордно производство на електрична енергија од ветерници, поради огромната брзина на ветровите, донесе и неочекуван профит. Турбините на ветерниците вртеле со толку голема брзина што од нив била произведена струја колку што произведуваат 44 нуклеарни електрани.

АС