Diaspora Lernen Mazedonien Unkategorisiert

Најголемиот аеродром во Германија руши светски рекорди, лани имал повеќе од 70,5 милиони патници

17.01.2020 – Германија

Најголемиот аеродром во Германија руши светски рекорди, лани имал повеќе од 70,5 милиони патници

Најголемиот германски аеродром во Франкфурт го собори рекордот со повеќе од 70,5 милиони патници минатата година.

Според информациите на веб-страницата на компанијата „Фрапорт“, која е во склоп на аеродромот во Франкфурт, бројот на патници кои минале низ аеродромот лани се зголемил за 1,5 проценти во однос на претходната година.

Минатата година тие го соборија рекордот со 70,5 милиони патници. Сепак, бројот на патници од декември минатата година се намали за 1,2 проценти во однос на истиот период во 2018 година.
Аеродромот во Анталија го искористиле 35,5 милиони патници минатата година, што претставува зголемување за десет проценти. Зголемувања на патниците минатата година се забележани и на аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург и на аеродромите во Кина.
Германското здружение на аеродроми очекува дека бројот на авиони што го користат овој аеродром годинава ќе се намали за 2,9 проценти оваа година и бројот на патници за 0,7 проценти.

За аеродромите во Македонија информации има само до 09.07.2019

ТАВ Аеродром Скопје, Македонија – Skopje Airport
1,2 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2019 ГОДИНА 9 јули 2019 година.

Извор : Fraport GmbH

АС