Diaspora Kultur Lernen

Македонците најуспешни во учењето на германски јазик

03.09.2019 , Германија

Македонците најуспешни во учењето на германски јазик

Новите податоци од германското Министерство за внатрешни работи покажуваат дека Македонците се меѓу најуспешните посетители на курсевите по германски јазик во Германија.

На курсевите по германски јазик во клупите седат најразлични луѓе – некои се неписмени, други имаат универзитетска диплома.

Новите статистички податоци од Министерството за внатрешни работи во Берлин покажуваат каде лежат разликите.

Информацијата ја побара пратеникот на деснопопулистичката АфД во Бундестагот, Рене Шпрингер, а ја објавува агенцијата ДПА. 

АС