Diaspora Sport Unkategorisiert

Македонскиот фудбалски интернационалец Дарко Чурлинов од денеска и официјално е нов фудбалер на VfB Stuttgart

08.01.2020 Германија

Спорт

Македонскиот фудбалски интернационалец Дарко Чурлинов од денеска и официјално е нов фудбалер на VfB Stuttgart

Stuttgart , Fußball Training VfB Stuttgart , Darko Churlinov *** Stuttgart , Football Training VfB Stuttgart , Darko Churlinov

Нашиот младински репрезентативец и најмлад дебитант во историјата на сениорската репрезентација, го комплетираше трансферот во редовите на популарните „Шваби“ и со тоа стави крај на својата епизода во Келн. Штутгарт подолго време сакаше да го доведе Дарко Чурлинов во своите редови, па така 19-годишниот македонски фудбалер ќе настапува за германскиот второлигаш до 2024. година. Дарко во ВфБ Штутгарт тренираше изминативе два дена.

„Среќен сум што сум тука. 100 % сум мотивиран да го дадам максимумот за Штутгарт. Се надевам дека ќе помогнам во борбата за пласман во елитата. Уште од почетокот бев пречекан одлично од соиграчите, сега сакам да ги запознаам сите членови на тимот уште подобро“, истакна Чурлинов по потпишувањето на договорот.

Чурлинов сезонава има еден настап за Келн во Бундеслига, откако доби шанса за игра во првото коло. По ова, тој настапуваше за втората екипа на Келн во четвртата германска лига, а имаше недоразбирања со клубот поради желбата да биде приклучен на првиот тим, што Келн не сакаше да му го исполни, па одлучија да се разделат зимава. Дарко Чурлинов ќе го носи дресот со број 19 во новиот клуб VfB Stuttgart

АС