Diaspora Mazedonien Politik

Избори 2020-Дијаспората условена , или поголем број на пријавени гласачи или воопшто нема да гласа

08.01.2020 Македонија

Дијаспората условена – или поголем број на пријавени гласачи или воопшто нема да гласа

Државната изборна комисија на денешната, прва седница во оваа година, Спорец Предлог решението за внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет за 2020 година ДИК ќе располага со 646 723 000 денари, од кои по програма 20 – Државна изборна комисија со 75 223 000 денари, а во програма 21 – Изборни активности, со 571 500 000 денари, каде најголем дел од средствата се предвидени за медиумската кампања на политичките партии, односно 233 милиони денари. Доколку има потреба ДИК од другите ставки ќе дополни за медиумската кампања до 400 милиони денари. Според буџетот оваа година ДИК ќе располага со скоро 62 милиони денари  за јавни набавки за време на изборите, кои треба да се спроведат во јануари и февруари. ДИК предвидува јавните набавки да се спорвдат по редовна постпка, освен за набавка за гласачки ливчиња што ќе се направи по завршување на Увидот во Избирачкиот список и утврдување на канднидатските листи. За доверливиот материјал предвидени се 21 милион денари, а за избирачките одбори за гласање во дијаспората, 15 милиони денари.

Овие избори, во дијаспората ќе се гласа само доколку се исполни критериумот од 6 700 пријавени гласачи, односно онолку колку што имал пратеникот со најмал број гласови на претходните парламентарни избори. Доколку овој услов не се исполни дијаспората за овие предвремени парламентарни збори нема да гласа.

И по неколку изборни циклуси, не е најдено поинакво решение за гласање на иселениците. Државата платила просек околу 30 милиони денари само за 1.782 лица кои се пријавиле да гласаат во дијаспората на последните избори. Од 2011 година кога за првпат беше спроведено гласање на македонските иселеници во Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП), до денес голем пад бележи интересот и одзивот на иселениците за учество во изборните процеси. И покрај таквото искуство, во изминатите девет години, не беше предложена никаква измена во Изборниот законик со која ќе се најде друг начин на кој тие ќе го остварат гласачкото право, а ќе се елининираат и големите трошоци на државата за организирање избори за симболичната бројка гласачи во дијаспората.

Деновиве тоа прашање повторно се актуелизира, бидејќи пресметките покажуваат дека околу 15 милиони денари ќе чинат изборите спроведени во 32 дипломатско-конзуларни претставништва
А за тие да го остварат правото на глас, ќе биде ангажирана цела армија од вработени од државната администрација, односно вкупно 256 лица, со оглед дека во секое ДКП треба да има 8 лица задолжени за спроведување на изборниот процес. За нив треба да бидат обезбедени авионски карти, хотелско сместување и надомест за други трошоци.
 

АС