Business Diaspora Lernen Mazedonien

За откажан или одложен лет, еден патник има право на 250-600 евра обештетување

17.12.2019 Македонија
Вести › Актуелно ›

За откажан или одложен лет, еден патник има право на 250-600 евра обештетување…


За откажан или одложен лет може да земете отштета. Барање може да го поднесете лично со што постапката би била подолга, сложена и веројатноста да бидете одбиени е поголема или пак да дозволите Compansair да ја води постапката што би значело дека можноста да успее истата е многу поголема.
Република Северна Македонија го има усогласено своето национално законодавство со правото на Европската унија кое се однесува на заштита на патничките права во воздушниот сообраќај односно со Регулативата на Советот и Европскиот Парламент (ЕЗ) 261/2004 за заштита на правата на патниците односно утврдување на заеднички правила за обесштетување и помош на патниците во случај на забранет влез на патниците во воздухоплов, откажување на лет или големо доцнење на нивните летови.


Оваа регулатива е преземена со Мултилатералната спогодба за формирање Европска заедничка воздухопловна област (ЕЗВО/ЕСАА) која е објавена во Службен весник на Република Македонија 27/2007 и 98/09 и е транспонирана во Законот за облигациони и стварно правни односи во воздушниот сообраќај (Службен весник на РМ 85/08; 148/2011; 10/2015; 150/2015; 173/2015).
Согласно преземената европска Регулатива (ЕЗ) 261/2004 авиопревозниците имаат законска обврска да ве информираат за вашите права во случај на забранет влез во воздухоплов, откажување на лет или големо доцнење на летот.
Патниците кои веруваат дека имаат валидна жалба против авиокомпанија во однос на забранет влез во воздухоплов, откажување на лет, големо доцнење на даден лет или сместување во пониска класа, прво треба таквата жалба да ја поднесат до авиокомпанијата што оперирала со тој лет. Поднесувањето на жалбата може да биде лично или да дозволите Compansair да ја води постапката за вас.

Во согласност со Регулативата на ЕУ 261/2004, еден патник има право на 250-600 евра обештетување во случај на: Одложување на летот повеќе од 3 часа, откажување на летот, одбиено влегување во авионот поради пребукираност и пропуштенa конекција како резултат на задоцнување на првиот лет (пристигнавте на вашата дестинација повеќе од 3 часа подоцна од планираното).
Начини за поднесување барање за отштета:
Постојат два начина да го поднесете вашето барање до авиокомпанија: можете самостојно да се вклучите во постапката на побарување или да дозволите Compansair да ја води постапката за вас со пополнување на едноставниот формулар.

Ако одлучите да продолжите сами, ќе ви треба следново:
Подготовка на барање со придружни докази и потребни документи; Поднесување на барање за начинот на кој бара авиокомпанијата (онлајн форма, факс, е-пошта, итн.); Чекање одговор (може да потрае неколку месеци); Правен одговор доколку компанијата го одбива или ингорира вашето барање.

Во случај на неоправдано одбивање или незнаење, ќое треба да аплицирате до надлежните органи за заштита на правата на потрошувачите од земјата на поаѓање.

АС