Business Diaspora Mazedonien

Германскиот гигант “ДБ” моментално обучува 40 квалификувани возачи на автобус во Скопје

Fahrzeugbilder im städtischen oder ländlichen Umfeld

18.12.2019 Германија/Македонија
Вести>Актуелно

Германските Железници (Дојче Бан, DB) очајно бараат нови работници.

Гигантот DВ моментално обучува 40 квалификувани возачи на автобус во Скопје. Истите после положен возачки испит, положен курс по германски јазик планира да ги донесе во Германија и да им обезбеди договор за работа на неограничено време. И нормално сите трошкови кои моментално конкурентите ги имаат во Скопје,(авто школа ,јазичен курс, хотел, хранарина….) ,воедно и 3 месечен смештај кога ќе пристигнат во Германија,се на сметка на Групацијата ДБ. Сите 40 потенцијални возачи планирано е да бидат распределени во три покраини во Германија , Бајерн ;Баден Винтенберг и Северна Рајна-Вестфалија.

Менаџерот за човечки ресурси на германски железници, Мартин Сеилер изјави дека до крајот на 2019 година компанијата ќе треба да вработи дури 24.000 нови вработени, а ист број ќе вработи и следната година.

Платите во германските железници зависат од видот на работата. На пример,
Возач на градски автобус имаат просечна плата од 28-32000€ бруто плата .

машиновозачите имаат просечен годишен приход од најмалку 38,000 евра, а најмногу околу 50,000 евра /бруто.

Кондуктерите заработуваат помеѓу 34.000 и 46.000 евра годишно/бруто.

Угостителите кои работат во рестораните во возовите заработуваат помеѓу 33.000 и 37.000 евра годишно/бруто, а персоналот за услуги на клиентите помеѓу 34.000 и 46.000 евра/ бруто.

Групацијата ДБ е поделена на голем број компании, вклучувајќи ги и DB Fernverkehr (патнички превоз на долги патеки), DB Regio (локален патнички превоз) и DB Cargo (железнички товарен транспорт). Подружницата ДБ Нетц исто така работи на голем дел од германската железничка инфраструктура и со тоа најголемата железничка мрежа во Европа

Бројот на вработени во ДБ е 315.910 вработени со полно работно време низ цела Европа, од нив над 205.000 само во Германија
Годишен бруто приход на оваа компанија За 2018 е,вртоглави 44,2 милијарди евра.

Групните компании за патнички превоз превезуваат околу 4,4 милијарди патници со своите возови и автобуси (статистика од 2016 година), Логистичките компании на ДБ транспортираа 277 милиони тони стока во железнички товар (2016 година).

АС