Business Diaspora

Германија ја покачи минималната плата за градежните работници

29.01.2020-Германија

Германија ја покачи минималната плата за градежните работници

Од 1 април повисока плата за 200.000 градежни работници!Синдикатите и работодавците од градежната индустрија во Германија договорија нова минимална саатница за градежните работници која отсега ќе изнесува 12.55 евра за помошни работници, односно 15.40 евра за квалификувани работници, соопшти градежниот синдикат ИГ БАУ.

Сега на ред се работодавачите кои треба да ги исфрлат последните препреки за подигнување на долните граници на минималната саатница во градежниот сектор, изјави Роберт Фегер, претседател на синдикатот за градежништво ИГ БАУ, откако синдикатите формално го прифатиле договорот постигнат со работодавачите во декември.


Според тој договор, минималната саатница во градежниот сектор ќе порасне од 1 април за 35 проценти, на 12.55 евра, за помошните работници во градежништвото.
За квалификуваните работници минималната саатница ќе порасне за 20 проценти на 15.40 евра.

Зголемувањето на минималната саатница за градежниците се однесува на сојузните покраини кои некогаш и припаѓале на Западна Германија.
За источните сојузни покраини сеуште не е постигнат договор.Oд новата минимална саатница, како што тврди ИГ БАУ, ќе профитираат повеќе од 200.000 вработени во градежниот сектор.

Вкупно во овој сектор во Германија вработени се 820.000 работници.

АС