Business Diaspora

Во Германија цените за изнајмување станови престанаа да растат

29.01.2020 -Германија

Паѓаат цените за изнајмување станови во Германија

Цените за изнајмување станови во поголемите германски градови престанаа да растат во последниот квартал од минатата година. Во некои случаи тие почнаа да паѓаат, покажува истражувањето на агенцијата „Ф + Б“, која ги следи цените на недвижностите.
Во споредба со истиот период во 2018 година, кириите за новоизнајмените станови се намалени 0,3 проценти. Ова особено важи за областите на југот на Германија, особено Минхен.

Цените за изнајмување станови најмногу паднале во Гармиш-Партенкирхен – 4,4 проценти и во Штутгарт – 3 проценти. Минхен со 16,4 евра за квадратен метар, без комунални трошоци, останува најскапиот град во Германија. Во Берлин, каде што станарините и цените на недвижностите бележат најголем раст во последните десет години, киријата падна 1,2 процент. Но, во исто време киријата на постојните договори за закуп е зголемена 0,4 проценти.

АС