Diaspora Mazedonien Politik

Бундестагот даде зелено светло за преговори со ЕУ

27.09.2019 Германија 

Бундестагот даде зелено светло за почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ. 

Со 476 гласа ЗА, 122 против и 16 воздржани пратеници , Бундестагот го одобри почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ . На седницата во Бундестагот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања г.дин Бујар Османи, кој беше поздравен од пратениците.

Десетината говорници се согласија дека Северна Македонија направила напредок и дека на регионот Западен Балкан треба да му се овозможи приближување кон ЕУ. Според пратеникот од владејачката ЦДУ /ЦСУ , Петер Бејер , малдите луѓе од Северна Македонија треба да живеат во средина каде ќе бидат применувани европските стандарди и ќе имаат позитивна перцепција за ЕУ .

Пратеникот Кристијан Петри од коалициската СПД рече дека овие земји од западен балкан бараат помош, дека се подготвени за реформи и дека треба да им се овозможи да го почнат процесот, сето ова беше поздравено со бурен аплауз.

Видео▶️

LIVE: 115. Sitzung des Deutschen Bundestages – Klimaschutz und Stasi

АС